„Истрагата за настанот е во тек, но немаме индикации дека станува збор за намерен напад или дека Русија подготвува воени акции против НАТО, икзјави ген-секот на НАТО Јенс Стоилтенберг.

Како што рече, прелиминарната истрага покажала дека најверојатно украински проектили ги пресретнале руските.

„Но, сакам да бидам јасен, за ова не е виновна Украина. Русија ја сноси вината за започнувањето на инвазијата. Изразуваме солидарност со нашиот сојузник Полска. Русија мора да стави крај на оваа бесмислена војна“, рече Столтенберг.

Украина најави дека бара итен пристап до местото во Полска каде синоќа падна проектил, кој, како што соопшти денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најверојатно бил истрелан од украинската противвоздушна одбрана во обид да собори руска ракета истрелана врз Украина.

Ова го потврди секретарот на украинскиот Совет за безбедност, Олексеј Данилов, кој предложи Полска и Украина да спроведат заедничка истрага за инцидентот.

Во експолозијата загинале две лица.

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави дека нивните противвоздушни сили собориле 70 од повеќе од 90 руски ракети. Од досегашните информации, најреално изгледа дека една од украинските противвоздушни ракети или погодила или промашила руска ракета, а потоа паднала на полско тло.

Ако е така, сигурно е дека нема да има одговор на НАТО во вид на активирање на членот 5 од повелбата на алијансата за заедничка одбрана, за кој вчера на големо се шпекулираше. Но, тоа не значи дека Русија може да се преправа дека нема никаква врска со тоа или дека не сноси одговорност за овој трагичен инцидент на тлото на членка на НАТО.