„Пред 14 години секретарот за одбрана на САД Рамсфелд изјави дека „членството на Македонија во НАТО зависи од Рамковниот“.
Денес ќе чуеме дека зависи од Договорот за менување на името и Уставот“, напиша вчера на Твитер претеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, алудирајќи на Договорот од Преспа.

Милошоски „твитна“ дека доаѓањето на првиот човек на Пентагон вчера во Скопје, всушност е трета посета на американски секретар за одбрана на Македонија.