Русија и Кина, но и целата меѓународната заедница, мора да сторат сé што е можно за да се спротивстават на терористичките групи во Авганистан, апелираше преку интервју за „Сандеј Телеграф“ генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Целосно се согласувам дека целата меѓународна заедница, вклучително и Русија и Кина, мора да вложи напори да се осигура дека Авганистан нема да стане место каде терористичките групи можат слободно да дејствуваат, организирајќи, планирајќи и финансирајќи напади во нашите земји“, рече Столтенберг.

Тој, исто така, истакна дека НАТО ќе учи од настаните во Авганистан, каде што по повлекувањето на поголемиот дел од западниот воен контингент, моќта брзо беше преземена од радикалното талибанско движење.

Според него, Алијансата „отворено и трезвено ќе ги разгледа неуспесите и грешките“ направени во текот на 20 -годишното странско воено присуство во земјата.