Настанот во Охрид ги чинеше граѓаните 100.000 евра- дали донесе нешто за Македонија?

Едни исти суперлативи, тапкање по рамо, признание колку многу сме се жртвувале, а не добивме ништо за возврат. Портите на Европа остануваат затворени за Македонија, се додека не си ги реши проблемите со соседите. Ова е епилогот од скапиот и масивен Преспа форумот за дијалог, кој граѓаните ги чинеше 100 илјади евра буџетски пари. А одржувањето го помогнале и бројни компании.



-Владата со одлука во ноември 2020, распредели 6 милиони денари за да се организираат и реализираат првите настани во рамките на овој проект. Покрај ова, се јавија за помош исто така и бројни компании кои како партнери придонесоа во организирањето и реализацијата на најголемата меѓународна конференција што државата некогаш ја има организирано, за што сме посебно благодарни, велат од МНР за Алфа.

Но, не е познато и што добивме и дали воопшто нешто добивме од неговото одржување? Во Охрид навистина се прошетаа голем број видни дипломати, но три дена подоцна се слушаат само-пофалбите од власта објавува ТВ Алфа.