Претседателот на Здружението на новинарите Насер Селмани со остра критика за соопштението на ДУИ со кое партијата се оградува од инцидентот во кој еден загина а повеќемина се ранети.
“Како го читате соопштението на ДУИ за инцидентот во Тетово со трагични последици?
Нека се убиваат албанците, нас воопшто не ни чуе, доволно е ДУИ да не се спомне по лошо.
Какви психопати се овие”, прашува Селмани спиред кого и да немаше никаква врска овој инцидент со ДУИ, редно беше еднаш да изразат жалење за инцидентот и сочуство на семејството на загинатиот!
“На крај можеа да објаснат дека инцидентот нема никаква врска со ДУИ! Ова е вистинското лице на ДУИ!”, пишува Селмани.
Првиот човек на македонските новинари пред еден месец доби закани по живот од браќата на високиот функционер на ДУИ Бекир Асани кој ја нападна полицајката Јаначковска.