Хрватските медиуми објавија проценка дека бројот на жители во Хрватска паднал под четири милиони односно дека во земјата има 155.000 луѓе помалку споредено со пописот во 2011 година.
Повеќе од 47.000 луѓе мигрирале од Хрватска минатата година. Истовремено во земјата се доселиле 15.000 луѓе што значи дека само во 2017 земјата остана со 32.000 жители помалку колку што е големината на градот Копривница.
Најголем број доселени во Хрватска или 31,8 отсто се од БиХ.