Шефот на НАСА, Бил Нелсон предупреди дека остои ризик Кина да одлучи да бара дел од Месечината како своја територија, доколку успее да воспостават база на земјиниот сателит.

Како што рече Нелсон, Американците треба „подобро внимаваат“ Кина да не заврши со база на Месечината, користејќи го изговорот за научни истражувања.

Тој се плаши дека кинеските претставници ќе речат: „Останете подалеку од ова место, ние сме тука, ова е наша територија“.

Нелсон се надева дека Американците побрзо ќе стигнат на Месечината, но нагласи дека датумот на кинеското слетување „се поблиску и поблиску“, пренесува Политико.

Шефот на Роскосмос Јуриј Борисов најави потпишување на меѓувладин договор меѓу Русија и Кина за создавање научна лунарна станица.

„Подобро е да се погрижиме тие да не стигнат први до некои од најбогатите области со ресурси под маската на научни истражувања“, рече Нелсон

На 25 декември, Кинеската корпорација за наука и технологија за воздухопловство (CASC) објави дека астронаутите ќе слетаат на Месечината до 2030 година, а Меѓународната станица за истражување на Месечината (ILRS) предводена од Кина ќе биде основана во 2030-тите.

Претходно, воениот политиколог од рускиот економски универзитет „Плеханов“, Александар Перенџиев, изјави дека Русија и Кина имаат заеднички интереси во развојот на вселенските активности, како и конкуренцијата со САД.