НАСА доцна синоќа успешно го заби вселенското летало ДАРТ во астероид со цел да му го промени правецот на движењење.

Тоа беше историска мисија имајќи предвид дека тоа беше „првиот планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар астероид.

Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со NEO- терминот на НАСА за објект блиску до Земјата – астероид или комета – што би можел да се приближи до орбитата.

DART (Double Asteroid Redirection Test) е првата мисија која се обиде да го смени движењето на евентуално опасен објект кој би се движел кон Земјата.

Во 2016 година, НАСА ја основа Канцеларијата за координација за планетарна одбрана (PDCO) за рано откривање на големи закани НЕО – најмалку 30 до 50 метри – кои би можеле да удрат на Земјата и да ги следат траекториите на овие објекти.

Астрономите моментално не знаат дали Земјата е загрозена од НЕО, но астероид удрил во земјата и оставил огромен кратер на мексиканскиот полуостров Јукатан пред околу 66 милиони години и можеби го предизвикал изумирањето на диносаурусите.