Сега власта краде струја за копање крипто валути.

Власта предводена од Зоран Заев не знае ништо освен да краде, или да се занимава со корупција и криминал. Сега власта краде струја за копање крипто валути, прави милиони, а народот плаќа милиони за да има што да украде власта. Неколку пати купија скапа струја. Сега е склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра“, реагира утрово опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно 11 милиони евра се потрошени за струја, и 15 милиони кои ги плативме кон европската енергетска мрежа. Оттука се доаѓа до сума од над 38 милиони евра.Пари кои државата ги потроши за купување на скапа струја, а зимата календарски не е ниту почната.

И сето ова затоа што нема домашно производство на струја, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите. Нема ниту способен менаџмент, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ама има способни за крадење, односно скапо платена струја некој од власта ја краде за копање на биткоини. Власта е насочена само кон кражба, а граѓаните едвај преживуваат.

Излез од оваа ситуација се само предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.