Народот ќе стави крај на уцените, договорот со Бугарија е коренот на проблемите

Договорот со Бугарија е основата и почетокот на сите проблеми со кои се соочува Македонија, коренот на барањата на Бугарија, сите понижувања на Македонија, националните обезличувања, обид за бришење на националните и идентитетски обележја, сите блокади и вета на патот кон евроинтеграциите.

Ова е ставот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски по одлуката на партијата да оди на референдум.

,Народот ќе стави крај на уцените, понижувањата и заедно ќе го вратиме достоинството на македонскиот народ и Македонија!

Борбата за Македонија , македонските национални интереси, македонскиот идентитет и македонскиот јазик се столбот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно сплотени ќе успееме во оваа битка за Македонија!

ОДИМЕ НА РЕФЕРЕНДУМ!”, порачува Николовски во пораката.