Адвокатот на Диего Марадона се закани дека вработените во погребалната служба „скапо“ ќе платат бидејќи направиле селфи со мртвиото тело на гудбалската легенда.
Тројца направиле фотографија и ја објавија на интернет, еден од нив веќе е идентикуван и отпуштен, а „Газето дело Спорт“ пишува дека е прашање на време кога и останатите двајца ќе бидат отпуштени.
Но, нема да остане само тоа, ќе има судска постапка за ваквото дело: „Виновни се за шокантното однесување, скапо ќе платат“, најави адвокатот Матиас Морла.
Клаудио Фернандез, кој се сликал со неговиот 18-годишен син Исмаел, гостувал на аргентинското радио каде „молел“ за прошка, пишува „Дејли меил“.