Лекарски кадар во охридската болница направил абортус на една а операцијата ја завела на друга пациентка која воопшто не била трудна.
Ова е скандалозниот случај кој го тресе Охрид со денови и нарушува односи во болницата и во семејства на инволвираните лица.
Медицинското лице кое го направило делото се уште работи во болницата во Охрид и врши интервенции на пациенти иако тоа не би смеело да врши лекарска дејност по пријавата од МВР според која таа на црно направила абортус врз пациентка.
Според МВР кривичната пријава за лицето од Охрид е за фалсификување на деловни книги.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Ф.(60) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Лицето, на 15.12.2022, во својство на доктор на едно одделение во општата болница во Охрид, извршило лекарска интервенција врз едно лице, по што интервенцијата ја завела со лични податоци од друго лице, а потоа со фалсификување на потписот од раководителот на одделението ја заверила интервенцијата“, стои во билтенот на СВР Охрид.
Во информацијата нема ништо за парите кои ги платила пациентката за да добие илегален абортус.