Претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир и поранешен министер за економија, Беким Незири, кој има функција на советник на директорот на М-НАВ, вчера, со службената картичка, пропуштил седум луѓе кои не биле вработени во Контролата на летање во просториите каде за невработени е невозможно влезат беа безбедносни проверки и посебни дозволи за влез.
Беким Незири, висок функционер на ДУИ и претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, според информации на Алсат, е човекот кој вчера попладне упадна во објектот на контролата за летање.
Тој придружуван од уште едно лице, нападнал вработен – Албанец. Од полицијата не го потврдија идентитетот на напаѓачот но соопштија дека нападот го извршил Б.Н – лице вработено во институцијата.
Беким Незири, едно време беше и член на на управниот одбор на М-НААВ.
Нападот се случи веднаш по прес конференцијата на претседателот на синдикатот на која беше побарано да се стопира последниот оглас со кој се вработуваат лица без да ги поминат потребните тестови за сложените работни позиции кои треба да ги извршуваат.
Инцидентот прв го пријави претседателот на синдикатот, кој на фејсбук напиша дека „непознатите лица, во објектот на контрола налетање дошле со неколку возила, предизвикалекараница и нападнале вработени“…