За браќата Александар и Јорадан Цветковски кои го избодеа полицаецот Филип Филиповски во дискотека во скопско Марино и го доведоа во животна опасност, Скопското обвинителство и натаму бара притвор.

До Кривичниот совет е поднесена нова жалба со барање браќата да бидат притворени, откако претходно им биле одредени само алтернативни мерки, јавува 24 Вести.

Тие се осомничени за тешка телесна повреда и помагање, но можно е делото да се преквалификува во обид за убиство..

Филиповски 11 дена лежеше на КАРИЛ, а го загуби и едниот бубрег и слезината.