Љубиша Игњатов, снимател за ТВ 24 попладнево бил нападнат со боксови во скопско Пржино, каде заедно со неговата новинарска екипа се обидел да сними прилог пред куќата која била пријавена како престојувалиште на украинскиот бизнисмен Онишченко, за кој неодамна се дозна дека добил македонски пасош. Екипата на ТВ 24 ја нападнал сопстевникот на куќата, Миле. ЗНМ веќе испрати реакција од МВР и институциите очекувајќи итна истрага за случајот, осудувајќи го насилството.

На снимката од ТВ 24 сопственикот на куќата ги соблекува панталоните и го покажува половиот орган кон камерата.


Според ТВ 24, Онишченко никогаш немал влезено во куќата иако бил пријавен на таа адреса.

Видео.