Неколку експлозии одекнаа утрово во централниот дел на Киев, објави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

Советникот на Министерството за внатрешни работи Антон Герашенко соопшти дека во нападите загинале најмалку пет лица, а 12 се повредени. Воздухопловна тревога е прогласена низ Украина.

Ројтерс, повикувајќи се на сведок, објави дека над зградите се издига облак од црн чад.

Новинарите од странските агенции, пак, јавуваат дека три експлозии одекнале во центарот на Киев. Како што наведуваат, детонациите се слушнале околу 08:15 часот по локално време (7:17 часот по средноевропско време), пренесува Франс прес.

Новинарите на АП кои ги слушнале детонациите велат дека им се чини дека биле предизвикани од ракетни напади.

Сирените за воздушен напад се огласија неколку десетици минути пред детонациите.

#Kyiv #RussiaIsATerroristState #RussianWarCrimes https://t.co/lPaCXfvN5y
— Filicophyta ꑭ 🇺🇦 (@Onocleaceae) October 10, 2022