Напад во женски манастир во Русија – има ранети

Маж активирал импровизирана експлозивна направа во кругот на манастирот Серпухов во регионот на Москва.

„На 13 декември непознато лице активирало импровизирана експлозивна направа на територијата на манастирот во Серпухов“, пренесуваат медиуми повикувајќи се на официјални лица.

Според извор на РИА Новости од итната помош, седум лица се повредени, меѓу кои и самиот напаѓач, кој е хоспитализиран.

Инцидентот се случил на влезот од парохиската православна гимназија во манастирот. Руското Министерство за внатрешни работи појасни дека нападот го извршил 18-годишник.