Поранешниот премиер Зоран Заев уште пред пет години најави дека „Гугл“ ќе инвестирал во Македонија, но наместо тука, интернет гигантот реши да вложи во Грција, и тоа 2,2 милијарди евра, а притоа ќе отвори 20.000 работни места до 2030 година.
Компанијата објави дека ќе изгради своја инфраструктура за облак-услуги (cloud services) во Грција, давајќи му поттик на јужниот македонски сосед да стане светски технолошки центар.
Во истото интервју за ТВ 24 од 12 септември 2017 година тогашниот шеф на Владата најави дека во Македонија планира да инвестира и „Фејсбук“, но и од тоа досега нема ништо.