Наместо „метла“ – „прашко“ и во вториот ешалон: Ќе настрадаат 5-6 директори

Извори на ДУИ велат дека најавата на премиерот Зоран заев за “метла“ на кадрите од вториот и третиот владин ешалон е на „стенд бај“.

Извори од владината коалиција брифираат дека ниту на утрешната владина седница нема да се расправа за смена на заменици министри и на директори и дека наместо првично најавената смена од 25-6 директори таа ќе се сведе на неколкумина.

Информациите се дека се изјаловил договорот помеѓу владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети да се сменат 5 до 6 директори од ДУИ и 20 од СДСМ и коалицијата.

„Ако бидеме подготвени идната недела, во вторник, на 9 јули, би можеле да донесеме одлука за смена на директори. Промени ќе има најверојатно на 20 – 25 места, директорски и кај раководители на подрачни единици“, изјави премиерот Зоран Заев и додаде дека сака да ги преслуша уште еднаш аргументите зашто одлуките мора да бидат праведни, изјави премиерот.