ТВ„Телма“ реагира на денешните „нови квалификации“, како што велат, за оваа телевизија од страна на министерот за економија Крешник Бектеши кој најде „врска“ меѓу работата на новинарите и „монополот на Макпетрол“

Бектеши ѝ се извини на новинарката од Канал 5 дополнувајки дека немал намера да ја навреди но, за Телма имаше големо „НО“ и нови квалификации, реагираат од Телма

„Во однос на Телевизија Телма, имам огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволиме преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата Макпетрол која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните. Во спротивно, горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата’, рече Бектеши.

Министерот за економија вчера наместо да одговори на новинарско зошто државата плаќа поскап гас рече „Вие не сте тука да давате коментари, да поставувате прашања“.

Од Телма велат дека според министерот Бектеши, ниту еден медиум не треба да поставува прашања за набавка на гас, струја, мазут или било кој друг енергенс, иако е од јавен интерес, бидејќи тоа очигледно го иритира.

Мнистерот за економија наместо да даде конкретни и прецизни одговори, ја напаѓа работата на новинарите медиумите и ги обвинува за спреги.

Ваквиот став е спротивно на етичкиот кодекс кој треба да важи за сите министри, велат од Телма.

„Носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста и засегнатите страни за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција, вака гласи оваа одредба на етичкиот кодекс за функционери, се вели во Членот 9 од етичкиот кодекс“, .

Во членот 5, наведено е дека министрите треба да знаат и да се грижат за јавниот интерес, го потсетуваат од ТВ Телма министерот Бектеши.