Наместо да го затвори ,,Ванчо Михајлов” Македонија губи 2:0 од Бугарија

Професорот Тони Десковски од Правниот факултет во Скопје преку пост со наслов ,,МАЛА ШКОЛА НА ДИПЛОМАТИЈА!!!” укажува на грешките направени од македонската дипломатија по кои Бугарија дава два гола и води во дипломатскиот меч.

Тој смета дека кога се видело дека има грешка во регистрацијата на бугарскиот клуб ,,Иван Михајлов” истиот требало да се затвори.

,,Или како Бугарската дипломатија ни заби два гола, благодарение на нашите пропусти!
Кога изби скандалот со отворањето на Културниот центар Ванчо Михајлов, се откри неспорниот факт дека Централниот регистар направил пропуст со регистрацијата, зашто отсуствува позитивно мислење од ресорното Министерство за користење на името на (неуспешниот нацистички квислинг и усташки подржувач во Втората светска војна) Ванчо Михајлов.

Наместо да се отстрани незаконитоста, Центарот си функционира.
И сега, со опожарувањето на влезната врата на (незаконскиот) центар, добивме втор скандал, кој секако ќе биде умешно искористен против нас.

И на крајот, наместо ние да поентираме што Бугарскиот премиер, нивниот Претседател и државниот врв застанаа зад еден неуспешен нацистички квислинг, примивме и два гола.
Со фудбалски јазик, место да победуваме со 1:0, ние губиме со 0:2″, пишува Десковски.