Најстрашниот притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за ,,бугарите во уставот” ќе се случи меѓу 14 и 16 јуни.
Во тој период во Македонија поточно во Скопје и во Струга ќе пристигнат низ моќни европски и американски претставници.
Поводот за доаѓањето на влијателни претставници на Вашингтон и Брисел е годишниот самит на Преспа Форум Дијалог, тело кое што го основа и финансира македонската влада по потпишувањето на Преспанскиот договор.
Темата на Преспа форумот годинава е ,,Проширено европско семејство до 2030 година: (Не)возможна мисија” која директно ќе го допре прашањето за промена на македонскиот устав како предуслов за ЕУ проширувањето.
Според досега потврдените учесници меѓу гостите се еврокомесарот за проширување на ЕУ Вархеји, високиот претставник на американскиот Стејт департмент Ескобар, екс амбасадорот Филип Рикер, претседателката на Европскиот парламент Мецола, специјалните претставници за регионот на ЕУ, Германија и Велика Британија, Лајчак, Сарацин и Пич и низа други гости.
Според неофицијалните и срамежливи најави од луѓе го Преспа форумот кои се блиски на владеачки структури од СДСМ и ДУИ, главниот притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски ќе се случи во петокот по пристигнување на голем дел од горе наведените во Скопје каде треба да се случат повеќе средби на темата уставни промени и влез на Бугарите во уставот.
Изворите велат дека сите гости на Преспа форумот знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изврши ,,политичко самоубиство” ако прифати промена на уставот но сепак тие велат дека Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мора да се жртвуваат за својата земја која така ќе го отвори патот кон реалните преговори со Европската унија.
Во спротивно земјата ќе остане повторно блокирана на патот кон ЕУ, вели еден извор упатен во подготовките на средбите кои се очекува да се случат во Скопје, пред заминување за Струга, каде треба да се направи решавачкиот притисок врз Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати повтори дека не постои можност за прифаќање на бугарските барања и уцени.
Најчитани статии
Што го премислило премиерот
Од што се плаши Ковачевски, прво барал тет – а – тет средба со Мицкоски па се премислил (ВИДЕО)