Најмногу една годишна просечна плата за лекување во приватна болница

Предлог-измените во Законот за здравствена заштита со кои ќе се ограничи цената на лекување во приватните болници вчера поминаа на владина седница и се испратени до Собранието, а министерот Венко Филипче очекува поддршка од сите партии.

Во пракса, како што објасни министерот, ако граѓанин реши да се лекува приватно, максимум ќе плати 300.000 денари (5.000 евра).


„Ако е комплексно лекување и долго трае, максималната сума на пари која ќе треба да ја плати граѓанин е 300.000 денари. Станува збор за сума што пациентите ја плаќаат во приватните болници, а таму заминале на своја волја да се лекуваат, како што тоа го прават сега, а плаќаат голема сума на пари“, рече Филипче.

Просечната плата во Македонија во јануари изнесуваше 28.272 денари, недоволна за покривање на минималнитетрошоци за живот на четиричлено семејство.