Пет лица загинати, а повеќе од 30 повредени, од кои десетина критично, е биланост од несреќата кооја днеска се случи во близина на Ниш кога воз налета на автобус кој поминувал на ќелезнички премин.

Од страшниот судир, автобусот бил целосно преполовен, а возот излетал од шините.

Три лица, меѓу кои две деца закинале на самото место на несреќата. Две други починале во болница и покрај обидите на лекарите да им помогнат.

Селаните од селото Доње Меджурово, каде се случила несреќата,  велат дека на преминот нема рампа и дека не е првпат да се случува несреќа.