Најлоша можна варијанта за Македонија откако стана позната распределбата на ресорите во новиот бугарски владин кабинет што ќе го предложи коалицијата меѓу партиите „Продолжуваме со промената“ (ПП), БСП, „Има таков народ“ (ИТН) и „Демократска Бугарија“, објави бугарската телевизија БТВ.

Продолжуваме со промените ќе раководи со осум министерства, БСП ќе има четири, ИТН – исто така четири, а ДБ – три.

Според распределбата на ресорите во моментов оној најважниот за Македонија Министерството за надворешни работи ќе го води претставник на партијата на познатиот ТВ водител и антимакедонист Слави Трифонов.

Сите ресори:

ПП: Финансии, Раст и иновации, Образование, МВР, Одбрана, Транспорт, Култура, Здравство
БСП: Државни претпријатија, Министерство за социјални работи, Земјоделство, Туризам
ИТН: Министерство за надворешни работи, Енергетика, Регионален развој, Спорт
ДБ: Правда, Екологија, Клима

Коалицискиот договор за новата влада е извесен, најави копретседателот на ПП Асен Василев во емисијата „120 минути“.

Ако надворешната политика на Бугарија и малку се види според јавните настапи на Трифонов Македонија ја очекуваат тешки моменти и во разговорите за историјата и образованието во мешовитата комисија и за почетокот на преговорите со ЕУ.

Извор

Што зборуваше Трифонов за Македонија година ва:

Пострашно од Каракачанов, што мисли Слави Трифонов за Македонците?