Најголемиот бизнис во Македонија тежи 2 милијарди евра за 11 месеци, кој е?!

Речиси половина од целиот трговски дефицит на Македонија го креира увозот на фосилни горива! Вредноста на увозот на дизел, бензин, мазут, керозин создава речиси половина од целиот трговски дефицит на Македонија. Еден предизвик за домашните макроеномисти! Колкав сојузник на девизниот курс на нашиот денар би била електрификација на македонскиот возен пар? За ефектите врз животната средина и да не зборуваме оти тоа ќе бидат гратис за сите нас.

Увозот на горива достигна вредност од речиси две милијарди евра за 11 месеци, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика за периодот јануари-ноември 2022 година.

Овој податок покажува дека увозот на фосилни горива (бензини, дизел, керозим, мазут и мазива) е убедливо најголем генератор на кусокот во трговската размена со светот.

Фактите покажуваат дека вкупниот увоз за 11 месеци од Македонија изнел 1,97 милијарди евра. Од тоа како реекспорт од земјава се извезени горива вредни 329,2 милиони евра. Тоа значи дека реално увозот на фосилни горива вреди 1,4 милијарди евра за 11 месеци. Или просечно месечно нашиот увоз на деривати вреди 149 милиони евра.

Во споредба со истиот период лани вредноста на увозот на горива е зголемена за 1,1 милијарди евра. Оваа разлика е последица на изразените растови на цените дериватите и на суровата нафта на светските пазари.

Трговскиот дефицит на македонската економија за 11 месеци изнесува 3,4 милијарди евра што значи дека речиси 50 отсто или половината од нашиот трговски дефицит за овој период го сочинува увозот на фосилни горива (од калкулацијата е исклучен реекспортот).

 Овој генератор на трговски дефицит во континуитет покажува дека вреди да се анализира и студиозно да се пристапи за поволностите што може да ги даде масовна и среднорочна државна поддршка на менување на македонскиот возен парк што подразбира барем патничките возила на моторен погон да ги заменуваме со електромобили.