Мерењето на гледаноста на телевизиите која ја прави американската агенција АГБ Нилсен покажува дека вчера две политички емисии се во водство во двата главни параметри за гледаност.
Според мерењата кои се однесуваат на вчерашниот ден, 8 јуни, по параметарот број на гледачи води емисијата “Само Вистина” со Елизабета Галевска на Канал 5 која има највисок рејтинг (3,8 %) и удел (14,5 %) .
На второ место по број на гледачи е Заспиј ако можеш со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ на Алфа ТВ која има рејтинг од 2,3 % и удел од 7 % од вкупниот број на гледачи.
По нив следат 360 Степени на Алсат-М, Топ Тема на Телма, Анализа 24 на ТВ24 и Што не е јасно на Алфа ТВ.
Според параметарот АТС односно времето кое гледачите го минале следејќи ги емисиите, во водство е “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа каде вчера гледачите минале над 33 минути што оваа емисија ја прави најинтересна ако се земе предвид колку вкупно гледачи дошле додека траела и колку долго останале да ја гледаат.
На второ место по задржувањето на емисиите е Анализа 24 со нешто над 28 минути а зад нив следуваат 360 Степени, Топ Тема, Само Вистина и Што не е јасно.