Според многумина најдобро облечениот член на владата, министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска промовираше парче модерна облека која досега не и е позната на македонската јавност.

На денешната прес конференција со премиерот Ковачевски на која беше изложен буџетот на министерството за одбрана таа носеше прекрасен фустан со ракави и должина до под колена но без деколте.

Новиот фустан на министерката за одбрана не случајно е речиси идентичен на бојата на знамето на НАТО која е од типот темно сина (Pantone 280).

Фустанот на Петровска стои одлично во комбинација со ѓердан од бисери и ниски штикли кои ги носи министерката.

Петровска се уште не открива која е цената и од каде ги набавува новото и другите елегантните парчиња гардероба кои според изгледот и квалитетот се дел од високата и скапа мода.

Новото парче гардероба на министерката може да го видите целосно по 13 минути од видеото со премиерот Ковачевски.

Поврзани вести

Владината модна икона со ново парче гардероба на средбите во Париз (ГАЛЕРИЈА)