Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, на 16 декември урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше), соопшти АМСМ.

Според информации од Центарот за управување со кризи, поради обилните врнежи ноќта меѓу 14-15 декември, реката Радика беше излеана од своето корито нa неколку места. Локалните притоки на Радика поради надојдените води беа излеани на главниот пат од Бошков мост до Жировница, на неколку места.

Имало одрони од земја и камења во близина на манастирот Бигорски, кои од страна на екипи на Македонија пат се исчистени.

Помеѓу селата Ростуше и Јанче водата донела големи наслаги од земја и кал кои со машини на Македонија Пат и од општината се санирани.