Најчевска: Значи на Бугарија може да се потчиниме, на Србија – не!?

Професорката Мирјана Најчевска реагира на оценката на лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, за изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на српскиот претседател Александар Вучиќ во Атина, по тензиите што ги создаде српскиот министер за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ. Според Меџити,„Вучиќ ја вклучил Македонија во „српскиот свет“, а премиерот Ковачевски докажал дека се потчинил на Србија“.

На ова Најчевска со прашање:


„Значи добро е Македонија да се потчини на Бугарија, ама не е добро да се потчини на Србија?

Интересен став.

А, да пробаме со еден поинаков став, Македонија да не се потчинува никому?

И посебно не на држави кои по сите параметри никако не може да бидат модел за Македонија, како што се Бугарија и Србија и секако Косово“- пишува Најчевска на Фејсбук.