Најчевска: Замислете Бугарите да нè гледаа како сосед со кој можат да соработуваат, наместо како забрането овошје

Професорката Мирјана Најчевска со претпоставки во стилот „што би било кога би било“ во односите со Бугарија.

„Замислете Бугарите да ги прифатеа фактите и да ја препознаеја својата историја (и онаа добрата, и онаа лошата) и да исчекорат од неа.

Замислете Бугарите да препознаеја постоење на луѓе кои се сметаат за Македонци на нивната територија.

Замислете Бугарите да ни дадеа шанси да ја градиме заедничката иднина врз основа на фактичките сличности, сличните проблеми и споделениот простор на Балканот, наместо да нè тераат сосила да станеме нешто што не сме сакале и не сакаме да бидеме.

Што мислите, дали тогаш ќе имаше потреба од полиција на една преубава прослава на денот на раѓањето на еден од оние ретки умови на Балканот кој се борел за почитување на различноста, за социјална правда и заедничко битисување на рамноправните луѓе и народи?“, прашува Најчевска.