Најчевска за Зеколи и Дојче Веле: Сериозни медиуми станаа расадник на замаскиран фашизам

Сериозни обвинувања на професорката Мирјана Најчевска за екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи и Дојче Веле на македонски јазик каде тој добива хонорар за објавувување колумни.

За професорката Најчевска Зеколи се повеќе личел на комбинација од професорот Јован Донев и новинарот Миленко Неделковски.

,,Овој Арсим Зеколи се повеќе ми личи на крижанец меѓу Јован Донев и Миленко Неделковски.
Само не ми е јасно како некои медиуми кои ги сметам за сериозни(како DW)одеднаш станаа жолта штампа и расадник на теории на заговор, замаскиран фашизам и големи мисли извадени од малиот мозок?”, пишува Најчевска.

Најчевска не аргументира конкретно зошто ги нарекува Зеколи фашист а германскиот државен медиум Дојче Веле кој ги објавува неговите колумни скриен поддржувач на фашистички теории.