„Некомпетентноста и нестручноста на кадрите нема врска со етничката припадност“, реагира на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска околу несогласувањето на директорот ДПИ, Стојко Пауновски, да прими 35 „рамковсни“ административци кои немаат соодветна стручна спрема и заканите од премиерот дека за тоа ќе биде сменет.
„Тие се посебен сој на крлежи кои се размножуваат на плодната почва на политикантството, партиското едноумие и владеењето на неправото,
Секое поврзување на некокомпетентноста и нестручноста на кадрите со нивната етничка припадност е обид за замаглување на работите, дефокусирање на вниманието и отсуство на желба за решавање на проблемот“, констатира Најчевска.
Претходно, Најчевска за истиот случај напиша:
„Која смешка, требало да ја прилагодат систематизацијата за да може да вработат кадри во некоја државна институција.
Значи не зборуваме за потребни кадри за да може да функционира институцијата во функција на граѓаните, туку за прилагодување на институцијата за нечие вработување“.
