
Универзитетската професорка Мирјана Најчевска реагираше бурно по одлуата на министерот за здравство Фатмир Меџити за регулирање на цените на здравствените услуги во Македонија.
Меџити кажа дека целта е граѓаните на Косово и Албанија да плаќаат колку македонските државјани во здравствените установи во Македонија, а Најчевска поради тоа побара кривична одговорност.
-Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета за злоупотреба на службената должност, а составен дел на казната да биде читање на Уставот, законот за државјанство, Законот за здравствено осигурување, Законот за здравствена заштита, Законот за Влада, Законот за органите на управата и секако Кривичниот законик.
Не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави туку за граѓаните на Македонија. Неписмени крадци не смеат да бидат поставени на раководни позиции. А Ковачевски да престане лажно да се претставува како премиер, вели Најчевска.
