И професорката Мирјана Најчевска изненадена од именувањето на екс-премиерот и професор по уставно право, Владо Бучковски, за специјален претставник на Владата во спорот со Бугарија.

„ Ахахахахаха. Само не можам да се решам дали ги бираат според криминални способности или според глупост. Можеби и двете.

Ахахахах. А можеби според отсуството на ‘рбет. Очекувам следниот месец да го именуваат Груевски за почесен министер за финансии. Зошто да не?

Ако може Бучковски како осуден криминалец кој се извлече од затворската казна со помош на корумпираните судии кои доведоа до застарба на случајот да биде специјален претставник на Владата во еден од најсензибилните преговори, зошто да не може Груевски кој сега за сега е осуден за многу помалку да не биде почесен министер за финансии? Ќе пукнам“- пишува професорката Најчевска на Фејсбук.