Професорката Мирјана Најчевска со свој коментар на одлуката за поништувае на решението за уривање на девет вили на комплексот во Леуново „Радика“ на инвеститорот „Радика Ресорт“.
Имено, Владина Комисија утврдила повреда на постапката на овластениот градежен инспектор на Општина Маврово Ростуше, кој пред неколку месеци му наложи на инвеститорот сам да отстрани девет типски луксузни вили на „Радика Ресорт“.
„Урбаната мафија не е појака од државата. Државата самата е урбана мафија.
Првиот закон за генерална легализација на нелегално изградени објекти значеше дека државата станала урбана мафија.
Ама изгледа на голем дел од граѓаните тоа им одговараше“, објави на Фејсбук Најчевска.