Професорката Мирјана Најчевска, поранешна претседателка на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, смета дека во случајот со претепаниот секретар на клубот на Бугарите „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, на Македонија ѝ се отвора шанса за „пенал“.
„Сега е многу важно:
1. Да се открие зошто бил претепан ХП. Доколку станува збор за тепачка поради криминален спор, тоа мора многу јасно и гласно да се каже пред домашната и меѓународната заедница.
2. Да се процесира случајот од 17 декември 2022 година и да се утврди дали станува збор за поседување и дистрибуција на кокаин и тоа де се изнесе пред домашната и меѓународната заедница.
3. Доколку се открие дека станува збор за наркодилер и криминално инспирирана тепачка, тоа треба да се повторува на секоја наредна средба со соседите.
Мислам дека случајот со ХП ни отвара простор за пенал. Наше е дали ќе го искористиме или ќе се правиме мутави“, коментира Најчевска на Твитер.