„Ахахаха, министерот за здравство има очигледно високо разбирање за состојбите во здравството и проблемите со кои се соочуваат граѓаните“, го коментира професорката Мирјана Најчевска разрешувањето на проф.д-р. Сашко Јовев од местото директор на Кардиохирургија и човек кој прв спроведе трансплантација на срце во Македонија.
Д-р Јовев: Ме погоди разрешувањето (ВИДЕО)
„Добро не почна од завесите како онаа со тантелите која ја поставија за специјален јавен обвинител со цел никого да не обвини.
По броењето на дежурствата на докторите и средувањето на барем три тоалети, и секако обезбедувањето здравствена заштита за странски државјани, следен стратешки потег ќе биде пребројување на ролните со тоалет хартија кои ги троши секоја амбуланта“, пишува Најчевска.
