Ова е констатација на професорката Мирјана Најчевска која набројува кои се причините за таквата оценка:
„Со тоа што не успева да помрдне од мртва точка во борбата со корупцијата,
со тоа што ја зголемува неказнивоста на високи функционери во власта,
со тоа што го партизира секој сегмент на власта,
со тоа што не може апсолутно ништо да се работи без амин на владејачките партии,
со тоа што го сменува секој кадар кој е добар а кој не прифаќа да делкува спротивно на професионалните стандарди,
со тоа што се што вети го исплука, со тоа што стана дел од мафијата
… со ниту една активност СДСМ не ја приближи Македонија ни ангстрем поблиску до членство во ЕУ, објавува на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска.
„Тоа што е направена формална отстапка во однос на името – вели Најчевска – требаше да биде последниот исчекор во условите кои немаат врска со стандардите на ЕУ.
„Одеднаш ваквиот вид отстапки станаа основен репер за промените, наместо суштински напредок кој државата ќе ја направи демократска држава во која владее правото.
НЕ, НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СДСМ Е ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, реагира Најчевска на соопштението од владејачката партија според која „СДСМ е за членство во ЕУ – ДПМНЕ за изолација“.
ВО МОМЕНТОВ НИТУ ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ НЕ ПОКАЖУВА НИ МИНИМАЛЕН КАПАЦИТЕТ ЗА ПРИДВИЖУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА ВО НАСОКА НА ЕУ СТАНДАРДИТЕ“, оценува професорката.
