Најчевска: Прво да се докаже дека се 20 проценти, па потоа јазик

„Објавувањето на Законот за употреба на јазиците воопшто не значи дека тој може веднаш да се примени во пракса“ напиша на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска, а постот предизвика низа коментари на социјалните мрежи. .
„Пред да почнат да се менуваат називи и да се бара употреба на албанскиот јазик, треба да се докаже дека тие сочинуваат 20% од населението“, пишува Најчевска која стои на ставот дека процедурата за донесување на Законот била соодветна, „што воопшто не го прави помалку несоодветен самиот закон“.