„Значи, што стана со судиите и јавните обвинители кои станале судии и јавни обвинители со прекршување на законот?

И со оние кои им овозможиле да добијат потврда за остварен стаж (што исто така треба да се судии и јавни обвинители).

И за министрите и администрацијата во Министерството за правда.

И со директорот и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Или и ова ќе се заборави заедно со болниците кои горат, со запалените автобуси, со тендерите кои си ги делат функционерите, со …

И дајте бре луѓе престанете закачалките за судски тоги да ги нарекувате судии. Тие се едноставно закачалки и немаат врска со правораздавањето.

Фб статус на професорката Мирјана Најчевска