Професорката Мирјана Најчевска реагира на одлуката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за координатор на политичките активности на партијата во огранокот Чаир да го постави актуелниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи.

„Како може човек кој е очигледно извршител само на партиските задачи и нескриено директно потчинет само на Али Ахмети да ја претставува државата пред меѓународната заедница.

Поголемо дезавуирање на дипломатијата не можам да се замислам.

Браво Ковачевски.

Ова значи дека целокупната кадровска политика во МНР и секако претставувањето на интересите на државата во меѓународните организации и во билатералните односи ни ги води Али Ахмети“, пишува Најчевска.