Најчевска: Не е проблем „Бехтел“ туку што договорот е незаконски

Професорката Мирјана Најчевска му реплицираше на премиерот кој бранејќи го проектот за изградба на четирите автопатски делници праша „Дали сакате американски конзорциум да ги гради автопатиштата од коридорите 8 и 10-д или, пак, тоа да бидат кинески или руски конзорциуми3?

СДСМ се пофали: Автопатите ќе се градат и побрзо и поевтино

Најчевска коментира: „Или е Ковачевски многу глуп или мисли дека сме ние граѓаните многу глупи.

Не се работи за тоа од која држава доаѓа некој конзорциум туку дали договорот кој е склучен со тој конзорциум е врз основа на закон донесен во демократска процедура и кој не е спротивен на Уставот“.