Најчевска: Мафтање со орли, лавови… е знак на неизживеаност

Професорката Мирјана Најчевска, денеска со уште еден статус на Фејсбук се обидува да им разјасни некои работи околу Законот за употреба на јазиците на нејззините, како што вели, „пријатели“ од албанската етничка заедница:
1. или зборуваме за јазични или за етнички права. Тоа се две различни работи.
2. или сакаме примена на меѓународни стандарди или не. Мора да се решиме.
3. Ако внесеш процент во закон тогаш тоа е закон, а не кафански муабет запишан на тоалет хартија.
4. или си националист и се возбудуваш на секоја националистичка дразба или си Најче и бараш граѓански концепт во секоја ситуација и ги посочуваш бесмислените резултати на етно-националистичкото договарање на етно-партиите.

Не го прифаќам национализмот на било која етничка заедница (тука мислам и на македонската, да нема забуни).
Мислам дека треба на општествено ниво и во јавната сфера да се еманципираме од етничката припадност (и македонската, да нема забуни) и таа да се смести во приватната сфера (ова го имам обработено во мојот докторат во 1994-95 година).
Мислам дека симболите на државата треба да ги претставуваат граѓаните, а не етницитетите (ни на македонската, да нема забуни).
Мислам дека секое мафтање со орли, лавови и слична менажерија е знак на неизживеаност.
Етницитетот не овозможува демократски односи, меѓутоа демократските односи овозможуваат себе-етно-идентификување. 
Значи, демократија и владеење на правото за индивидуите, а не за колективитетите.
Ако го внесеш колективитетот во игра мораш да пребројуваш и мериш и споредуваш. Индивидуите се секогаш рамноправни независно од било која нивна карактеристика“ пишува Најчевска.