Најчевска: Кон ЕУ не со Бугари во Устав, туку без ДУИ на власт

„Премиерот не ги проследува оставките на министрите од ДУИ до претседателот на Собранието согласно деловникот.

ЕВН се договара со ДУИ дали жителите на одделни села треба да плаќаат за струја или не.

Членови на ДУИ стануваат Јавни обвинители стануваат пред да завршат факултет.

Членови на ДУИ добиваат тендери од државата и од тие пари плаќат процент на Али и на мафијата наречена партија.

Членови на ДУИ добиваат плата за неодење на работа.

Членови на ДУИ играат фудбал во канцеларии.

Членови на ДУИ држат партиски состаноци во Владата.

Членови на ДУИ најотворено прават криминални дејствија заради кои се непожелни за редица држави меѓутоа не и за правосудните органи во Македонија…

Веќе 20 години Македонија е под постојан рекет на ДУИ.

Зрелоста за започнување на преговори со ЕУ ќе ја покажеме ако успееме да се ослободиме од ДУИ, а не ако внесеме во Уставот двајца без тројца кои се обидуваат да докажат дека не постојат Македонци како посебна етничка заедница со посебна култура, јазик и историски развој“, оценува професорката Мирјана Најчевска во објава на социјалните мрежи.