Најчевска: Која држава има устав со 25 народи!?

Професорката Мирјана Најчевска реагира на делот од изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој, говорејќи за потребата од отворање на уставот (што е услов за деблокирање на прегоорите со ЕУ) вели дека „има држави во Европа во чиј устав има и 25 делови од народ“.

„Прво, не се внесуваат во Уставот туку во Преамбулата на Уставот.


Второ, не се внесуваат затоа што некој те уценува туку затоа што има заемно препознавање и прифаќање.

Трето, се бара реципроцитет (фактички не формален).

И која држава има устав со 25 народи?- прашува Најчевска.

И во крајна линија навистина не е прашање дали да се внесе одредена етничка заедница во преамбулата или не.

Прашање е дали да се внесе некој кој не ти го признава јазикот, историјата посебноста и не признава дека во одреден историски период бил окупатор.

Мислам некако мазохистички ми делува“ – пишува Најчевска на Фејсбук.