Професорката Мирјана Најчевска реагира на медиумската важност коија му е дадена на инцидентот со претепување на охриѓанецот кој себе се смета за Бугарин и секретар на клубот „Цар Самоил“, а особено од вниманието кое Христијан Педников го доби во Бугарија и реакцијата на шефот на македонската дипломатија кој вчера беше да го посети во болница во Софија.
„Кога ќе му биде врачен орденот за храброст на ХП?
На прославата на раѓањето на Гоце Делчев или на денот кога се одбележува неговата смрт?
Дали оваа церемонија ќе биде искористена за заедничко чествување на нашите министри за надворешни работи?
Или ќе подигнеме на повисоко ниво, премиери или претседатели на држави- прашува Најчевска која во претходен пост вчера објави:
„Очекувам наредните денови Бугарија да го одликува ХП со орден за храброст, да му даде благодарница за развивање на трговијата со бела прашкаска материја и да го прогласи за почесен професор барем на еден бугарски универзитет.
Секако македонскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на секоја од церемониите“, пишува Најчевска на Фејсбук.
