Професорката Мирјана Најчевска реагира на најавата дека следуваат измени на девет закони поврзани со автопатиштата што треба да ги гради „Бехтел и Енка“. Тие се ставени на дневен ред на собраниска седница закажана за в понеделник, а сите измени се по предлог на група пратеници од владејачкото мнозинство и ќе се носат по скратена постапка.
„Ќе се менуваат законите за земјоделско земјиште, експропријација, заштита на културно наследство, урбанистичко планирање, минерални суровини, работни односи, за шумите и за градење и тој што овозможи без тендер да му се даде на американско-турскиот конзорциум да ги гради коридорите 8 и 10Д“ – пишува Најчевска и во објава на Фејсбук додава:

