Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на универзитетскиот професор и член на Партијата на пензионери, Темелко Ристески кој смета дека „би било неиздржливо за Фондот за панзиско на сите да им ги зголеми пензиите по 3.500 денари“.
Ристевски: Замислете на сите пензионери да им се даде по 3.500 денари…
„Изгледа луѓето забораваат дека една од темелните вредности на нашиот уставен поредок е солидарноста.
Што мислите како би функционирала ЕУ без овој примцип?
И што мислите со што сме ги заслужиле парите кои ги добиваме пд други држави?
Заборавија дека сме социјална држава, а не држава во која владее законот на природата- во кој посилниот приграбува се“, потсетува Најчевска во објава на Фејсбук.