Професорката Мирјана Најчевска со своја објава на Фејсбук изнесува мислење околу ЕУ -интеграциите и одговара на забелешките дека само критикувала но дека не нудела решенија.
„Тоа не е точно затоа што во текот на изминатите неколку децении сум нудела многу решенија од кои пола да биле прифатени Македонија ќе тргнела по сосема друг и според мене многу подобар пат.
Меѓутоа, еве почнувам од денес:
Прво. Мора да го запреме процесот на барање членство во ЕУ по секоја цена. Јасна определба за европските вредности и јасно не на било каков ултиматум, било каква уцена или барање кое излегува надвор од рамките на досегашните пристапни процеси кои важеле за другите држави. Црта“, објави Најчевска на Фејсбук.
